• Sun. Nov 24th, 2024

Во Струмица,во тек реализација на безплатни обуки за вработување.

Покрај активната мерка за самовработување на лицата со инвалидидтет во моментов течат и други огласи со кои на невработените лица кои се активни баратели на работа во агенцијата за вработување им се овозможува на посплатен начин да ја искористат можноста за обука и квалификација со што им се отвара можноста за полесно и поефикасно вработување на пазарот на трудот.Имено, Агенцијата за вработување објави оглас за четири мерки за вработување – за три различни видови на обуки и една мерка која е во форма на грант, неповратни финансиски средства за приватните компании и невработените лица.

Павлинка Ѓеорѓиева,раководител на агенцијата за вработување во Струмица за ТВ Канал Вис објаснува дека станува збор за обука од областа на приватното обезбедување која се реализира во соработка со Комората на приватно обезбедување, обука од областа на туризмот организирана во соработка со Факултетот за туризам, обука за возачка дозвола од Ц и Е категорија и за мобилност на работна сила во форма на грант од 92.000 денари за компанијата и невработено лице од руралните средини.

Од агенцијата за вработување подрачна единица струмица апелираат до сите активни баратели на работа да се пријават на огласите кои се во тек и да ја искористат можноста за бобивање на сертифокатот призбнаен на државно ниво а паралелно со истиот да бидат и поконкурентни на пазарот на труд.За овие мерки се обезбедени околу 8 милиони денари и ќе траат се до пополнување на планираниот број на лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *