„Пандемија, војни, несигурност, борба за опстанок, страв од иднината… Тоа се само дел од причините кои доведоа до тоа стресот да стане наше секојдневие. Нарушувањето на човековото ментално здравје е сериозен проблем со кој се соочува светот“.
Ова е дел од обраќањето на градоначалникот Костадинов на денешната трибина по повод 10 октомври – Светскиот ден на менталното здравје, која се одржа во организација на Општинската организација на Црвен крст – Струмица.
„За сите нешта кои го демнат здравјето на луѓето треба да зборуваме отворено. Само така ќе си помогнеме себеси, само така ќе им помогнеме и на другите. Да ја разбудиме емпатијата во нас, за наше заедничко добро и за доброто на општина Струмица“, истакна Костадинов.