Со велосипедската инфраструктура што ја има Струмица, велосипедизмот станува сѐ попопуларен.
Како дел од процесот за унапредување на вело-културата во Струмица се одржа 10 дневна обука за велосипедски водич.
Градоначалникот Костадинов присуствуваше на последнoто предавање од обуката и во период на транспарентното креирање на буџетот на Општината за 2024 година, со велосипедистите разговараше за идните активности на општина Струмица од оваа област.
Костадинов им потврди дека и во наредната година ќе се продолжисо изградба на градска велосипедска ифраструктура, но и со информативно-едукативни настани наменети за младите кои ќе имаат за цел зголемување на безбедноста на велосипедистите и другите учесници во сообраќајот.