Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица постави паметен соларен држач за велосипеди, што е инсталиран во дворот на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица.
Станува збор за инсталација, што е првпат поставена во државата и има четири соларни панели што сончевата енергија ја претвараат во електрична енергија, со што се придонесува за зачувување на животната средина.
„Соларниот паркинг за велосипеди не е само обичен паркинг за 13 велосипеди, туку паметен уред, каде може да се наполни батеријата на паметен телефон, лап топ, таблет, како и можност за безжично полнење. Ја има можноста преку WiFi рутер да се добијат локални податоци и активно мерење на температурата и квалитетот на воздухот. Соларниот држач има свое LED осветлување, шанк подлога. Конструкцијата е галванизиран челик и е АNTI VANDAL производ“ – велат од ЕД „Планетум“.
Поставувањето на оваа паметна урбана опрема, како проект на ЕД „Планетум“ од Струмица, финансиски е поддржан од Општина Струмица преку Г1 програмата, во партнетство со ЈПКД „Комуналец Струмица, одговорен за изведбата на бетонската плоча, како и за монтажата на конструкцијата и одделението за животна средина. Дополнителоно во соработка со директорката на СОУ „Јане Сандански“, Невенка Стојанова се обезбеди монтажа, преку приватна компанија, која изврши инсталација на соларниот систем.
ЕД „Планетум“ вели дека ова е иновативен пристап, преку кој треба да се подигне свеста кај младите и граѓаните за да се мотивираат и другите институции, општински и државни.