Денеска во градскиот парк во Струмица, Армијата го почна одбележувањето на 75 години од формирањето на НАТО Алијансата и четири години од членството на Република Северна Македонија. Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност и претставува најсилна гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија.
Присутните граѓани можеа да видат дел од вештините, вооружувањето, борбените системи и опремата со кои располага Армијата, а на штандовите можеше да се проследи и промоција на Воената академија „Михајло Апостолски“.
Настанот беше збогатен со настап на Воениот оркестар на Армијата, а не изостана и традицоналното војничко гравче кое беше поделено на присутните.