„За да се биде пожарникар не е доволно само да се биде облечен во пожарникарска униформа. Да се биде пожарникар потребно е под таа униформа да чука едно големо срце исполнето со многу љубов кон професијата, многу љубов кон општината и многу љубов кон своите сограѓани“.
Тоа беше само дел од денешното обраќање пред пожарникарите од Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица, на одржаната свеченост по повод 20 Мај – Денот на македонските пожарникари.
Сите ние – струмичани, но и граѓаните од од другите соседни општини треба да бидеме горди и благодарни на нашите пожарникарни, затоа што тие, како најголеми непријатели на огнот, се најголеми пријатели на граѓаните.
„Во името на таа гордост и благодарност, ја имав честа и задоволството да им се поклонам на храбрите пожарникари и да им го честитам нивниот ден. Господ да ги чува и нив, но и сите наши сограѓани. Нека е честит и вековит 20 Мај – Денот на македонските пожарникари“, напиша градоначалникот Костадинов.