Во холот на струмичката гиманзија беше отворена Изложбата на наградените проекти на млади истражувачи и новатори од основните и средните училишта од Македонија, организиран по повод Светскиот ден на науката.
Наградените ученици велат дека постои интерес за наука и за иновации.
-Го освоив првото место на републичкиот натпревар по Народна техника во областа на агротехниката. Мојот проект е 4-димензионално прозиводство печурки. Односно, сакав да докажам дека е погрешна производствената логика за производство само на печурки. така, ако произведуваме пчленица, нивниот отпад е совршен з апроизводство на печурки, тој пак одпад заедно е добар за фармите каде се создава црв кој пак тој отпад го разградува до биокомпост, објаснува Маја Стојанова, средношколка од Гевгелија.
И менторите се задоволни од интересот кај учениците.