До 10 часот во Струмица, според Општинската изборна комисија, правото на глас го искористиле 9,3%. Според претседателот на комисијата, Александар Чеботарев, засега гласањето се одвива мирно и без инциденти.
-Гласањето на сите 83 избирачки места, започна точно во 7 часот. Досега се се одвива мирно и без проблеми. Очекуваме така да биде и до крајот на избирачкиот ден, рече Чеботарев.
Во општина Струмица 49.235 избирачи имаат право да го дадат својот глас за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи.
Вчера, своето право на глас, можеа да го искористат 218 болни и изнемоштени лица.
Се гласа и во руралните општини во струмичкиот регион.
Во Босилово гласаат 12.318 избирачи на 19 избирачки места, за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи.
Во Василево, 10.437 гласачи може да се определат за двајца кандидати за градоначалници и три советнички листи, на 19 избирачки места.
Во општина Ново Село за тројца кандидати за градоначалници и две советнички листи, своето граѓанско право може да го искористат 11.452 гласачи на 20 избирачки места.