Вчера во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „4 Јули“ во Струмица се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(20) од Струмица и патничко возило „рено меган“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В. (50) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.В., констатирани во Медицински центар Струмица, каде била пренесена за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Два часа подоцна во Полициската станица Струмица, Д.А.(62) од Струмица пријавил дека околу 03.00 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки. Увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа на СВР Струмица.