• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Србија прогласена вонредна состојба – поплави во 37 градови

ByIvana Vangelova

Jun 16, 2023

Во Србија во 37 градови и општини прогласена е вонредна состојба поради поплави.Поплавен е и ургентниот центар во Крагуевац,а на повеќе места сообраќајот е во прекин.Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија.Автомобилскиот сојуз на Србија соопшти дека обилните врнежи се уште можат да предизвикаат застој во сообраќајот и вонредни нарушувања, особено во вториот дел од денот кога за многумина завршува работната недела, а сообраќајот се зголемува.