Денес градоначалникот Костадинов свечено го отвори Државното првенство во ФУТСАЛ за основните училишта, кое се одржува во спортската сала на СОУУД „Димитар Влахов“, а во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а чиј домаќин и соорганизатор е Меѓуопштинскиот сојуз на училишен спорт – Струмица.
„Беше тоа убава можност да им посакам добредојде на победничките екипи по региони кои се дел од завршницата на Државното првенство, а доаѓаат од ООУ „Ѓорѓија Пулески“ од Скопје – победници на Скопскиот регион, ООУ „Климент Охридски“ од Македонски Брод – победници на Западниот регион, ООУ „Димитар Влахов“ од Штип – победници на Источниот регион, како и претставниците на општина Струмица од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле. Им посакав успех на младите вљубеници во футсалот, со желба да понесат убави спомени од спортска Струмица, но и да станат побогати со нови пријателства. Нека победат најдобрите“, порача градоначалникот Костадинов.