• Sat. Nov 23rd, 2024

Во САД направена заштитна маска што може да покаже дали лицето кое ја носи има корона

Инжинери од МИТ и Универзитетот Харвард развија заштитна маска со која може да се утврди во рок од 90 минути дали лицето кое ја носи е заразено со коронавирус, објави Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ).

Маските имаат сензори за еднократна употреба, кои можат да бидат вградени во други маски за лице и да се прилагодат за откривање на други вируси.

Тие се наоѓаат во внатрешноста на маската и можат да детектираат вирусни честички во здивот, а се дизајнирани така што корисникот може да ги активира кога е подготвен да го изврши тестот. Поради заштита на приватноста, резултатите се прикажуваат само на внатрешната страна на маската.

Тестирањето е брзо како кај антигенските тестови.

Истражувачите поднеле барање за патент за новата технологија и се надеваат дека ќе соработуваат со компании за понатамошен развој на сензорот.

„Се надеваме дека оваа платформа може да поттикне нова генерација на носни биосензори за службите за итни случаи, здравството и воениот персонал“, рече професорот по медицинско инженерство и наука на МИТ, Џејмс Колинс.

извор: makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *