Во пресрет на верскиот празник Мала Богородица, „Комуналец“ чисти и уредува во с. Вељуса
Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „ Комуналец „ Струмица во пресрет на верскиот празник Мала Богородица изврши чистење и уредување на с. Вељуса. Во акцијата беа холтукултурно исечени и исчистени сите дрвја на патот до Манастирот како и отстранет целиот смет низ главната улица на ова населено место.
Се апелира до сите граѓани кои ке го посетат Манастирот по повод празникот за совесно однесување со кое ке придонесат оваа населено место да го зачува својот уникатен и далеку препознатлив природен еко-етно амбиент.