• Sat. Nov 23rd, 2024

Во понеделник ќе се распределат социјалните станови во Струмица

Во понеделник ќе се распределат социјалните станови во Струмица

Од министерството за транспорт и врски денеска пристигнува соопштение до струмичани кои поднесоа барање и аплицираа за станови во социјалната зграда.

Имено, се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена зграда на ул.Ѓорѓи Василев бр.44 во Струмица, изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Северна Македонија во општина Струмица, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за транспорт и врски во дневните печати Слободен Печат и Коха

На 26.07.2021 година (понеделник) во 12 часот во ДОМ на АРМ (голема сала) во Струмица, ќе се изврши јавна електронска распределба на социјалните станови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *