• Fri. Nov 22nd, 2024

Во општина Чаир санкции за 12 објекти кои работеле во недела

Денеска во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд на подрачјето на општина Чаир извршиле контроли во објекти на ул.„Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи.

Од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се 8 решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *