Вечерва (24.10.2023) со почеток во 20 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде прикажана комедијата „Роден лажго“.
Филмот е во режија на Оливер Барулогс, а главната улога ја игра францускиот актер Тарек Будали.
Станува збор за Жером, 30-годишен лик кој се занимава со продажба на јахти во Ница. Колку подолго време поминуваат со него, луѓето откриваат дека тој е астронаут, шампион во карате, пријател со мис Универзум… Всушност Жером е компулсивен лажго. Еден ден кога ќе се разбуди му станува јасно дека сите негови лаги стануваат вистина, а тогаш почнуваат вистинските проблеми.