• Sat. Nov 23rd, 2024

во Ново Село утре повторно се отвора зелениот пазар

Општина Ново Село и ЈПКД „Комуна“ Ново Село ги информираат граѓаните  дека зелениот пазар повторно ќе биде отворен и ќе се организира во четврток (09.04.20), но со рестриктивни мерки а во согласност со препораките на Влада на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19.
На пазарот ќе биде дозволено само продавање на храна односно на земјоделски производи од типот на овошје, зеленчук, житни култури и сл. за да можат граѓаните да се снабдат со основните намирници. Останатите продавачи од типот на продавачи на текстил, облека, обувки и сл. им се забранува продавањето на пазарот.
Продавачите на пазарот ќе бидат распоредени на препорачаното растојание, а се апелира до граѓаните да излезат на пазар само по потреба, да практикуваат лична и респираторна хигиена, да носат заштитни маски по можност, и да избегнуваат пазарење во групи, односно да оставаат доволно растојание помеѓу луѓето при пазарење. Граѓаните строго да се придржуваат кон препораките од Владата на РСМ и Министерството за здравство во однос на заштита на јавното здравје.
Во овој период на рестриктивни мерки организирањето на сточниот пазар во Ново Село е забрането.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *