• Sat. Nov 23rd, 2024

Во Ново Село почна кампањата за градоначалник, во трка двајца кандидати

Денеска стартуваше кампањата за градоначалничките избори во Ново село каде во трка се двајца кандидати и ќе трае до 19 април. Ѓраѓаните на општина Ново Село ќе се изјаснуваат меѓу Николче Стоилков кандидат на ВМРО ДПМНЕ кој по ждрепката на гласачкото ливче ке биде под реден број 5 и Никола Андонов кандидат на СДСМ кој на гласачкото ливче ќе биде под реден број 7. Двајцата кандидати вчера потпишаа меморандум за фер и демократски избори  во ова општина каде по оставката на претходниот Стојчев се распишаа вонредни избор за градоначалник . Според информациите од ОИК Ново Село на единственито избирачки список во ова општина право на глас ќе имаат нешто повеќе од 11 илјади  граѓани кои ке се изјаснуваат на 19 избирчаки места

Во Македонија денеска официјално почна предизборната кампања за шестите претседателски избори. Во трката за шеф на државата се тројца кандидати Гордана Силјановска (ВМРО ДПМНЕ), Стево Пендаровски (СДСМ) и Блерим Река (Алијанса/БЕСА).На претстојните претседателски избори право на глас ќе имаат 1.808.131 граѓанин. Првиот круг ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. За изборите да бидат успешни, потребно е вда излезат најмалку 40 насто од запишаните гласачи или нешто над 723.000 избирачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *