• Wed. Nov 27th, 2024

Во недела жителите на општина Ново Село ќе гласат за нов градоначалник

ByВане Трајков

Apr 19, 2019

Вечерва на полноќ истекува кампањата за вонредните градоначалнички избори во Ново село. Таму двајцата кандидати Никола Андонов од СДСМ и Николче Стоилков од ВМРО ДПМНЕ во текот на изминатиот период ги презентираа своите изборни програми пред жителите на општината кои во недела ќе се изјаснат кој кандидат ќе биде градоначалник до 2021 година. Тие во изјава за Канал ВИС информираа дека се задоволни како протекла кампњата за неделните избори . На прашање која ќе биде првата приоритетна задача  и Андонов и Стоилков кажаа дека ќе работат на враќање на довербата на граѓаните во општината но и подобрување на условите за живот. Во општина Ново село според единствнеито избирачки список право на глас ќе имат околу 11 илјади граѓани кои ќе се изјаснуваат на  19 избирачки места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *