Деновиве, започна оградувањето на двата паркакај Општинската зграда и Црквата во населеното место Богородица. Откако на овие паркови беше поставена нова урбана опрема за деца, се обновија тревниците и цветните садници, се инсталираше ново осветлување, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија започнаа со градежните активности за поставување бетонска потпорна основа и поцинкувана мрежа. Исто така, се поставија и фонтани со вода за пиење Пред уредувањето на паркот што се наоѓа кај Општинската зграда, се бетонираше кракот што води кон самата зграда и паркот, а поради близината на самото детско катче, на самата улица се поставија лежечки полицајци за регулирање на сообраќајот. Во ова населено место летово значително е подобрена патната инфраструктура, се бетонираше кракот на улицата „Филип Македонски“, а улицата „Александар Македонски“, во должина од стотина метри, беше уредена со павер елементи.