Идеја од општината е дасе направи мултифункционален простор за повеќенаменска употреба кој би се прилагодувал за различни јавни настани како презентации, проекции, предавања, изложби, конференции и друго.
Внатрешниот дизајн би ја отсликувал флексибилноста на просторот преку конфигурирање во зависност потребите на корисниците.
Голема предност на еден мултифункционален просторот е можноста за интеграција на различни аспекти на нашето социјално живеење преку развој на нови идеи, размена на знаење и креативни активности во кои би се вклучиле уметници, невладини здруженија, активисти, студенти, организации и граѓани.
Од општината ги повикуваат граѓаните да го дадат своето мислење за потенцијалната пренамена на споменатиот просторот, со цел заеднички да ја унапредиме нашата локална заедница.