• Mon. Nov 25th, 2024

Во Грција уапсен државјанин на Македонија со речиси 167 килограми канабис скриен во камион

Во Грција уапсен државјанин на Македонија со речиси 167 килограми канабис скриен во камион

Речиси 167 килограми канабис и еден пиштол открила грчката полиција во товарен камион на автопатот од Евзони кон Солун и го уапсила возачот, странски државјанин, кој се товари за внесување на дрога во Грција, а според грчката новинска агенција АНА-МПА станува збор за 37-годишен државјанин на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштуваат дека уапсениот со камион за меѓународен транспорт влегол во Грција од граничниот премин Евзони (Богородица), а бил запрен на автопатот кон Солун во организирана акција на Секторот за борба со дрога и со помош на куче- душкач бил откриен канабисот.

-При контрола на возилото, со помош на полицајци од тимот за од тимот за спречување и сузбивање на криминал и куче за откривање дрога од Царинската служба Евзони, беа пронајдени, добро скриени под подот на возилото 92 пакувања канабис со тежина од 166 килограми и 862 грама. Исто така, во едно од пакувањата беше откриен пиштол со два полначи и осум куршуми, кои беа запленети, соопштија од грчката полиција и додаваат дека запленети се и камионот и трите мобилни телефони на возачот.

Уапсениот ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Грчката полиција, на Фејсбук објави видео од откривањето на канабисот во камионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *