• Thu. Nov 21st, 2024

Во Грција откриени шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус

Грчката служба за јавно здравје (ЕОДИ) потврди дека открила шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус, кој внимателно се следи од Светската здравствена организација (СЗО) поради страв дека може да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат вакцините.

ЕОДИ соопшти дека идентификувала два случаја на аеродромот во Атина, два во Арголида во северен Пелопонез и по еден во Атина и Ахаја, исто така на Пелопонез, објави „Катимерини“.

Високозаразниот делта-сој продолжува да предизвикува најголема загриженост бидејќи стапката на мутираниот коронавирус по потекло од Индија сега во Грција изнесува 96,7 проценти во споредба со 23,6 проценти колку што беше на почетокот на годината.

Уделот на алфа – британскиот сој, падна во првата половина на август од 58,3 проценти на 2,4 процента, додава ЕОДИ.

Сојот ми, именуван по 12. буква од грчката азбука, кој следува по претходната ламбда-варијанта, се појави во Колумбија во јануари и оттогаш е откриен во 39 земји.

На 30 август СЗО го прогласи за вид што треба подетално да се следи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *