На 17.5.2024 година во гимназијата „Јане Сандански“ беше отворена изложбата на фотографии насловена „Прошетка низ Струмица“.
Изложбата е прво дело на членовите од Фото-новинарскиот клуб ,,Училишен фокус”. Изложбата е дело на учениците: Никола Станишлевиќ, Благој Костов, Симона Крцева, Марија Урдовска, Снежана Јанакева и Анита Минкова. Изложбата ќе биде поставена една недела, до петок, 24.5.2024 год.
„Овој проект е финансиски подржан од Европската Комисија. Неговата содржина е единствена одговорност на иницијативата Училишен Фокус- Фото новинарски клуб „Јане Сандански“ и не мора да ги одразува гледиштата на Европската Комисија“.