Премиерот Зоран Заев вели дека не гледа никаков проблем во тоа што Талат Џафери е поставен на позицијата Претседател на Собранието без при тоа да се изготви записник за седницата за неговиот избор.
Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека граѓаните можеле да видат како бил избран Џафери и дека токму тие се гаранцијата за неговиот избор, а записникот од Седницата бил само формалност.