• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Гевгелија изработена брошура со информативен материјал за шеќерната болест кај децата

Во рамки на проектот „Заеднички активности за заштита и унапредување на јавното здравје во прекуграничната област (IpA SHIELD II)“, на кој координатор на активностите на ЈЗУ Општа Болница Гевгелија со проширена дејност е Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии (ФЛОРИТ) – Гевгелија, е изработена брошура за деца „Ајде да зборуваме за дијабетес. В

           – „Ајде да зборуваме за дијабетес“ е брошура која содржи информативен материјал за деца. Се работи за сликовит прирачник со кој се објаснува болеста дијабетес кај деца и како да се живее со оваа болест, истакна Ристо Атанасовски од Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии.  Во наредниот период, таа ќе биде дистрибуирана на децата во Општата болница со проширена дејност Гевгелија.

           Како што е веќе познато, во рамките на овој проект се реновираше Дијабетес- центарот во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, а за неговите потреби се набави нов доплер-апарат за преглед на крвни садови во вредност од над 20.000 евра, кој ќе помогне во дијагностицирањето на последиците од шеќерната болест. Во наредните месеци ќе биде завршена изградбата на нова хируршка сала која исто така е дел од овој проект, финансиран во рамки на ЕУ прекуграничната соработка со Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *