„Откријте го Вашиот потенцијал“ е темата на работилницата која под покровителство на River Soft ќе се одржи на 7-ми мај во Струмица.
Работилницата ќе започне во 17 часот во Малата сала при Културниот дом во Струмица, а ќе трае до 21 часот.
Тренер на истата ќе биде Александар Кочовски, консултант и тренер за личен и организациски развој, кој има соработувано со преку 40 компании од Македонија.
Тој има одржано и бројни работилници, предавања и семинари, од областа на бизнисот и претприемаштвото, со преку 500 луѓе.
Денес Александар Кочовски има сопствена компанија и работи како советник и бизнис консултант на успешни компании од Македонија. Исто така е активен и на социјалните мрежи каде преку креативни видеа споделува совети и искуства со неговата публика.
Работилницата во Струмица е наменета за сите сопственици, бизнисмени, претприемачи и менаџери, а е во организација на Риверсофт од каде најавуваат незаборавна обука преку презентација на нови бизнис навики и техники.
Сите заинтересирани потребно е да го најават своето присуство поради ограничениот број на учесници на следниот линк.