• Sun. Nov 24th, 2024

Во Валандово постапка за укинување на партиципацијата за згрижувањње на децата во детските градинки

ByВане Трајков

Jan 11, 2023

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, преку Фејсбук објави дека во детските градинки во Валандово ќе се укине партиципацијата. „Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово“, се вели во објавата. Костадинов информираше дека општината целосно ќе ја покрие родителската партиципација со средства од буџетот на oпштината.Според Костадинов, целта со оваа мерка е да се поддржат семејствата со  деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне солидарноста во заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *