Продолжуваат напорите на семејството Прочкови од Богданци за да ги соберат потребните средства за лекување на деветгодишната Ивана која треба да се оперира во Германија.Братот Никола неодамна во своето училиште на виолина свиреше хуманитарен јавен час за донирање средства. Изведе неколку дела а беше придружуван на клавир од својата професорка.
Како што информираше Канал ВИС, Ивана има искривување на рбетниот столб кај вратот од 51 процент и е потребен оперативен зафат во Германија за што се потребни околу 58 илјади евра. Хуманитарен концерт за помош на малата Ивана одржа и фолклорниот ансамбл Мегдан од Богданци. Семејството Прочкови верува во хуманоста на луѓето за што се отворени и телефонските броеви за донирање
телефони за донации ( цена на повик 100 денари)
070 143 181
075 143 850
077 143 704
https://www.facebook.com/timo.prockov/videos/1082798421784995/