На граѓаните и туристите им се советува да ги преземат сите мерки на претпазливост против каснувањата од комарци.
На почетокот на летната сезона, здравствените грчките власти ги предупредуваат туристите да ги преземат сите неопходни мерки на претпазливост за да се заштитат од каснување од комарци. Да нанесуваат редовно репеленти, според упатството. Се препорачува да се избегнат места со стагнација на вода, да се употребуваат комарници и да се носи облека со долги ракави. Според властите годинава има извештаи за луѓе заразени со вирусот порано од очекуваното, пренесуваат медиумите од регионот.
Пациентите се погодени и во урбаните и во руралните области на Грција. Започната е и информативна кампања во земјата, а туристите можат да најдат брошури уште од аеродромот.
Во принцип oвој вид на треска не покажува симптоми. Околу 20% од заразените лица покажуваат симптоми на настинка, вклучувајќи треска и главоболка, а само 1% од луѓето развиваат сериозни болести.
Минатата година, земјата забележа рекордни 316 случаи на заразени со вирусот, а 50 лица загинаа.