• Wed. Nov 27th, 2024

Вмро – Дпмне ја почна изборната кампања

Според Роковникот за извршување на изборни дејствија, на Државната изборна комисија (ДИК), денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, а треба да трае до полноќ до 3 јуни.

 Изборнатата кампања, според Роковникот, предвидува јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

ДИК во неделата формално без жрепка утврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствената партија на гласачкото ливче на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, откако листите на НДМ бела отфрлени, заради неотстранети неправилности, а СДПМ ги повлече своите кандидатски листи.

извор: makfax.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *