• Tue. Nov 26th, 2024

Влез и излез во Грција само на Богородица, од синоќа затворени останатите гранични премини со државата

Од полноќ преминот Стар Дојран е затворен. За влез и излез во Грција само на Богородица кај Гевгелија.  Грчките власти одлучија да ги зголемат рестриктивните мерки за заштита од пандемијата со КОВИД – 19, па од денеска се затворени сите премини со земјата освен Богородица.

Транспортерите вчера изразија сомнеж дека е можно да се создаваат гужви зља влез и излез бидејќи транспортниот сообраќај не е намален во овој период.

Од граничниот премин Богородица, пак, велат дека ќе се преземат мерки за надминување на ваквите ситуации затоа што ќе се отворат терминалите коишто воообичаено с екористат за патничкит сообраќај.  Според командирката на граничната полиција, Јасмина Аврамска, нема да има долги застои и чекања за транспортерите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *