• Fri. Nov 22nd, 2024

Владата најави помош на угостителските објекти

Владата најави помош на угостителските објекти.

На првиот ден од двонеделното затворање сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување, со цел превенција и заштита на граѓаните од Ковид-19, од Владата вчера стигна најава за нови мерки за помош на овие економски оператори.

– Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет, најави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во објава на Фејсбук.

Министерот за економија Крешник Бектеши во синоќешното гостување на ТВ Сител информира дека ќе има директна финансиска поддршка во вид на грантови за угостителските објекто кои се затворени по препорака на Комисијата за заразни болести.

– Моделот по кој ќе бидат поддржани веќе е направен и по консултација со коморите и здуженијата за туризам и угостителство, следната недела мерките ќе бидат објавени, нагласи Бектеши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *