Владата ги укина Ковид-19 ограничувањата за влез во земјава
Владата донесе одлука со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во Северна Македонија за задолжително приложување сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан Ковид-19 во последните 180 дена или негативен тест на граничните премини.
Исто така, Владата на вчерашната седница донесе одлука и да се укине мерката домашна изолација, односно карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.
Претходно, Владата донесе одлука со која ги укина ковид-сертификатите за излез од државата