Одбојкарките на Виктори волеј забележаа победа против Јанта од Скопје со 3:0 во сетови ( 25:23, 29:27, 25:23). Избраничките на Кире Јанков одиграа мудро и борбено во сите три сета разнишувајки ја играта на скопјанки кои во салата Партизан во Струмица се надеваа на поволен резултат.
Струмичанки во првите два сета имаа постојано контрола на играта и резултатот но во финишот потклекнуваа, посебно во вториот сет кога прокоцкаа неколку поени па мораа да играат драматична завршница и да го добијат со 29:27.
Ниту во третиот сет не беше поинаку. Застанаа на 24 освоен поен и им дозволија на гостинките да освојат 4 поени по ред. Но место за израмнување гостинките сервираа аут што значеше 25:23 за максимална победа. Дуелот Виктори – Јанта преку снимка на програмата на Канал ВИС( 1.04)со почеток во 17,30
Од останатите два струмички клуба, Наковски претрпе пораз домаод Планет со 3:1 додека ОК Струмица не успеа во тај брејкот во Скопје да го надмудрат Вардар кој славеше со 3:2