Одбокарките на Виктори волеј по вторпат се покажаа подобри во дербито против градскиот ривал Наковски волеј оваа сезона од првата женска одбојкарска лига на Македонија. Есента славеа со 3:1 во сетови како домакинки а сега како гостинки со резултат од 3:0.
Избраничките на Василев и Јанков покажаа далеку подобра тактика во целиот меч и мудро ги редеа поените за максимална победа. Првиот сет го добија со 25:22 откако Наковски не успеа да го добие иако имаше постојано водство. Вториот сет Виктори беше далеку подобар додека Наковски се обидуваше да го најде идеалниот состав како да им парира на ,, гостинките ,,. Во третиот Наковски волеј повторно се закани , имаше во два наврати и предност од 4 поени но во финишот немаа сили како да го продолжат мечот наспроти расположените ,, гостинки’’
Снимка од дуелот Наковски Волеј – Виктори волеј (утре 25.02 недела) на програмата на Канал ВИС со почеток во 17 часот….