Сренодшколци од втора и трета година од четирите средни училишта од Струмица, седнаа во советничките столчиња и повеќе од еден час дебатираа и носеа одлуки, како вистинските избрани советници чииј мандат им е истечен. На симулацијата од седница имаше позиција и опозиција, градоначалник, секретар, известители како вистинска седница на која средношколците од Димитар Влахов,Јане Сандански, Никола Карев и Јахја Кемал расправаа по кварталниот извештај на Буџетот на Струмица, за изградба на кружен тек на улиците Гоце Делчев и Климент Охридски но и за програмата за култура