Новиот албум на Влатко Стефановски – Тафталиџе шафл, посветен на Скопје. Минатата седмица Стефановски го објави синглот „Огледало“ кој е дел од овој албум. Во албумот се застапени и членовите на неговото трио, синот Јан Стефановски и струмичанецот Иван Кукиќ.
Насловната на албумот е дело на струмичкото дуо Кире Пиличев и Георги Кончалиев.