,,Не очекував но пресреќна сум. Со количката сега можам да бидам посамостојна’’ – Ова беа првите зборови на Сања Чавдарова од Струмица која доби количка на електричен погон, благодарение на хуманата акција што ја спроведе Даниел Маџиров нашинец во Сиген Германија преку тенискиот клуб ,,ТуС Неуенраде,, каде е тренер на кадетите и јуниорите.
Чавдараова вели дека сега може самостојно да се движи по градот, што било нејзина голема желба за што му се заблагодари на Маџиров. Количката ја доби од мајката на Даниел која вели дека акцијата се реализирала не повеќе од два месеци за да и се помогне на Сања….