Рускиот државен академски народен хор „Митрофан Пјатницки” во рамките на Деновите на руската култура, вечерва настапи во Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица. 40 тината танчери и хористи од Русија ја исполнија големата сала во Центарот за култура а со својот репертоар приредија вистинско изненадување за струмичани. Пееа и играа во автентична руска костимографија усовршувајки го секој детал од својот настап
Државниот академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ постои од 1911 година и е именуван по неговиот основач…. Еве дел од вечерашниов концерт а повеќе во информативните изданија и во забавно рекреативните емисии на Канал Вис