Борислав Калковалиев од името на граѓанската иницијатива ,,Спас за Валандово,, тврди дека референдумот против рудници бил успешен. 4700 граѓани да излезат и притоа над 95 одсто да се изјаснат дека се против рудници е сигнал дека валандовчани сакаат чиста и зелена општина. Тој тврди дека за време на молкот и на денот на референдумското изјаснување имало многу притисоци и уцени и заплашувања валандовачни да не излезат на гласачките места.
,,Кога ќе излезат останатите и ке кажаат да сакаме рудници тогаш ќе кажеме дека референдумот не успеал,, беше дециден Калковалиев