Петорица полициски службеници од Граничниот премин Богородица биле приведени поради сомнежи за земање на мито, соопшти МВР.
Полицијата добила оперативни сознанија за незаконско постапување на службениците, по што биле презедени оперативно тактички мерки и дејствија, а кај осомничените биле пронајдени денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци.
извор:makfax