Околу 150 Македонци и Бугари минатиот викенд пешачеа и трчеа по Беласица за да ги запознаат убавините на ова ова планина при што ги искачуваа врвовите ,,Сечена скала,, на македонска територија висок 1785 метри надморска височина и врвовите ,,Радомир,, и ,,Конгор,, на бугарската страна.
Целата патеката беше долга 81,4 и ја истрчаа најупорните кои тргнаа од струмичкото село Смоларе и преку граничниот премин Ново село до бугарското село Срт за да финишираат во Петрич. Трката ја организираа членовите на планинарското друштвото Еделвајс од Струмица и клубот за екстремни спортови ,,Белаекстрим,, од Петрич
,,Немавме многу среќа. Беа пријавени околу 350 учесника но заради лошото време дел се откажаа. Имаше дожд снег и ветар но најупорните стасаа. Како организаторит на првиот ,, Belasica Sky Ran,, на сите учесници им честитам на храброста, желбата да се поминат сите тие километри . За жал заради времето останаа многу убави глетки од Беласица невидени, многу убави реони неистражени,, вели Ристо Киров од ,,Еделвјас,,
Учесниците имаа можност трчејки и пешачејки да ги видат природните реткости но и културно историските локалитети на Беласица од двете страни
Од бугарска страна пак по Беласица имаше трки со велосипеди со цел да се презентираат убавините на ова планина и да се афирмира за велосипедски прошетки.