• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео од Одбојкарите на Струмица – Шампионската Титула ќе биде во Струмица и во следните години

Одбојкарите на Струмица повторно ја вратија титулата во најодбојкарскиот град во Македонија. Ова сезона ја освоија двојната круна и тврдат дека клубот со својот потенцијал ќе биде неприкосновен и во следните години како со сениорскиот состав така и со младите категории. Впрочем тоа го докажаа на терен момците на Кире Ричлиев предовдени од капитенот Васе Михаилов. Тие сеуште го немаат кажано последниот збор. Тука се  Ричлиеви преставниците на најодбојкарското семејство, птоа  Наков, Колев, Маџунков, Урдов, Ѓорѓев,Митев,Илиев кои ова сезона го носеа главниот товар на натпреварувањето и не знаеа за порази како во Купот така и во првенството. ОК ,,Струмица,, има и одлични младински погони кои дават до знаење дека овде професионално се работи и има потенцијал за високи дострели, но она што недостасува се парите. Ретко која фирма застанува зад овие момци кои носат титули на Струмица. Стратегот Ричлиев јасно потенцираше дека се зависи од парите, бидејки одбојкарите заслужуваат. Младиот Наков вели дека титулите ќе се во Струмица и следната година додека центарот Маџунков тврди дека струмичката одбојкарска дестинација ќе биде доминантна и во следните 10 години….. Еве што кажаа по освоената титула ….

фото FB

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *