Градоначалникот на Василево Марјан Јанев информираше дека општината ќе аплицира со неколку проекти пред Агенцијата за финансиска подршка во земјоделието и руралниот развој. За нив Советот донел одлука на денешната седница како приоритетни. Станува збор за три проекти од патната инфраструктура. Се планира реконструкција и ревитализација на локалниот пат од Ново Владевци до Сушево, изградба на дел од локален пат Чанаклија –Нова Маала и реконструкција на улицата од центарот до црквата во Василево. Градоначалникот Јанев информираше и дека дополнително преку Југоисточниот плански регион ќе се аплицира и за изградба на дел од патот Добрашинци – Брана Турија во должина од 1000 метри за што подршка даде Советот на регионот.
Јанев вели дека за првите 6 месеци од ова година реализацијата на Буџетот е 33,5 а кај основниот нешто помалку, што е резултат на одплаќање на заостанатите обврски на општината и кредитите за водоводот во Чанаклија но и заради т.н. ,,мртов период,, во кој се подготвувале проекти…….