Фудбалерите на Беласица со голот на Зоран Балдовалиев забележаа победа против Шкупи и ја прокнижаа втората првенствена победа во прволигашкото друштво. Со денешниот триумф струмичките сино бели во последните 6 првенствени и куп натрпевари не знаат за пораз. Очигледно четата на Марјан Живковиќ влезе во ритам.
Беласица голот го постинга во раната фаза од мечот уште во седмата минута кога по асистенција на Вусљанин, Балдовалиев ја затресе мрежата на Шкупи. Неколку минути гостите се заканија но Мухерем двапати едноподруго не успеа да го надмудри Вујанац оти ударите му завршуваа во статива
Во второто полувреме Пепи Ѓеоргиев имаше одлична шанса за 2:0 кога се најде во контра и дојде очи во очи со голманот Алексовски но не успеа да го најде патот до мрежата. Следното коло Беласица му гостува на Работнички