Во пресрет на празникот Голема Богородица во Секирник, општина Босилово ќе се оддржи 10-тата меѓународна „Средба на Русалии 2019“, Единствените играорци во земјата што ја негуваат и презентираат изворната традиционална игра на Македонците – бегалци од Кукуш и кукушко, поткрепени со звукот на тапанот и писокот на зурлата.
Покрај ансамблите од Македонија, ќе настапат и две русалиски фолклорни групи од соседна Бугарија, „Центар“ и „Пољаните“ од Петрич. Фестивалот на 27 август во 20:00 часот ќе го отворат домаќините, КУД „Русалии“ од Секирник, а тука се и КУД „Танец“ од Миравци, гевгелиско, Ансамбл „Македонија“, ФА „Мегдан“ од Богданци“, ФА „Копачка“ од Драмче, делчевско и женската фолклорна група при КУД „Русалии“ од Секирник.