„Државата е скапана од корупција на сите нивоа. Малку е направено последните 30 години за да профункционира системот“, рече во емисијата Vis a Vis носителот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во 4 и.е. Александар Николоски. Тој говореше за плановите за градење функционална администрација но и дигитализација којашто треба да се спроведе за повеќе услуги во јавниот сектор.
Целото интервју вечерва во 20.30 минути на програмата на Тв канал ВИС, како и во живо на нашата фејсбук страница.