Со велосипедско дефиле денеска во Струмица беше одбележан Меѓународниот ден без автомобили и Европската недела на мобилност, која трае од 16 до 22 септември и се одржува под мотото „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“.
Неколку стотини ученици и граѓани денеска продефилираа на велосипеди по главните струмички улици, а дефилето го предводеше градоначалникот Костадин Костадинов.
Додаде дека стартот на оваа „Европска недела на мобилност“ Општината го одбележавме и со почетокот на инфраструктурните активности за изградба и одбележување на велосипедски патеки во Струмица во рамки на предвидената севкупна реализација на мега проектот „Струмица-Паметен вело град“, со средства – донација од Европската Унија.
Настанот го организираа Општината и Европската куќа во Струмица.