• Sat. Nov 23rd, 2024

Вежбаме на отворено – спротски настан на СОФ 2019

ByВане Трајков

Jun 18, 2019

Речиси 100-тина рекреативци од Струмица и Радовиш, предводени од членовите на аеробик и пилатес клубот Go Fit вечерва вежбаа на отворено на СОФ 2019. Случајните посетители беа сведоци на еден уникатен тренинг по аеробик, а дел од нив спонтано се приклучија на групата вежбачи. Инструкторот Елена Илков ја водеше групата во еден заеднички весел и позитивен ритам. Тренинзите ќе продолжат на 19 и 21 јуни од 19:00 часот на Езерцето во градскиот парк. Настанот е поддржан од Општина Струмица, Агенција за млади и спорт, Делегацијата на Европската унија, Фротирка, Bu Coffee.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *